

Јули – Август 2025
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА НАСТАВНИЦИ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК – ИДТ 2025
IDT 2025 – Ние бевме дел од светскиот настан во Либек!
Во периодот 28.7 – 1.8.2025 во Либек, Германија, се одржа 18 Интернационална конференција на наставнички и наставници по германски јазик – IDT 2025.Чест и задоволство ни беше што и ние, како Здружение, бевме дел од настанот со повеќе од 2700 учесници – не само како гости, туку и како активни учесници во стручната програма.
Говоревме за современата настава по германски јазик, споделивме успешни примери од нашата пракса и дискутиравме за предизвиците, трендовите и шареноликоста во наставата и општеството.
Со знаење и компетентност покажавме дека сме дел од светските образовни текови и придонесовме кон квалитетен дискурс за идни образовни политики.
Од Либек се враќаме со нови идеи, контакти и инспирација за идни проекти. Голема благодарност до сите кои подржаа околу 800 стипендианти, а особено до Goethe-Institut Skopje за поддршката на нашите членови.
Продолжуваме да бидеме инспиративни промотори на германскиот јазик – затоа што јазикот ни припаѓа на сите и нè обединува токму во нашата различност.