

ТИМОВИ
Во Здружението имаме специјализирани тимови со различни целни задачи како на пример: настава, уметност и култура, организација на натпревари и други настани, создавање на е-магазин и интернет публицитет.

Тим за настава
Овој тим го сочинуваат искусни наставници кои умеат да понудат поддршка при креирање на решенија за изработување на наставни планирања, сценарија и сл.

Тим за уметност и култура
Тим на наставници кои умеат да поттикнат организација и учество на културно - уметнички настани кои имаат промотивен и натпреварувачки карактер и неговата главна цел е да го промовира германскиот јазик.

Тим за олимпијади
Овој тим го сочинуваат членовите на Комисиите за организација на регионалниот и државниот натпревар по германски јазик за учениците од основните и средните училишта.

Тим за конгреси, семинари и работилници
Во овој тим членуваат искусни обучувачи кои преку различни форми на обуки и размена на искуства поттикнуваат кариерно усовршување меѓу членовите на Здружението.

Тим за
Е-списание
Тим на наставници кои поседуваат сериозно ниво на дигитални и графички вештини, подготвувајќи различни содржини од одржани настани кои ги организирало Здружението.

Тим за
Интернет публицитет
Овој тим го сочинуваат администраторите на фан страната на Facebook, како и админите на оваа веб страна.